Општина Гостивар: Наредниот месец ќе биде отворен уште еден стационар за згрижување на кучињата скитници
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/17/19 6:54 PM

Општина Гостивар: Наредниот месец ќе биде отворен уште еден стационар за згрижување на кучињата скитници

Општина Гостивар најави дека на почетокот од наредниот месец ќе отвори уште еден стационар за згрижување на кучињата скитници. Но според нив и со работата на овој стационар нема да се реши овој горлив проблем.


Со двата стационара со кои ќе располага Општина Гостивар од наредниот месец ќе има над 6 боксови за згрижуавње на кучињата скитници. Со ова ќе има ублажување на овој горлив проблем но нема да се реши истиот, рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Според него во градот има голем број на кучиња кои се носат и од други градови. Додаде дека се размислува да се отворат и повеќе боксови во иднина.

Проектот за отворање на шелтер центри го реализира Општина Гостивар во соработка со невладината Иги и УНДП.

Во двата стационара лоцирани во комплексот на стара касарна во атарот на Долна Бањица засега има изградено шеесетина боксови.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7