– ММС
Вести Свет

Сараевчанка, втора жена на Арап, тврди дека познава уште дваесетина жени што им се втори или трети сопруги на Арапи

Триесет и шестгодишна сараевчанка, која од првиот брак има две деца, му станала втора сопруга на еден Арап. Нејзиниот татко дал согласност за склучување на бракот, па се венчале во Сараево.

Со соглсноста за брак, била свесна дека сопругот со неа нема да биде секој ден. Објаснува дека тој доаѓа во Сараево речиси секој месец, а тоа зависело од обемот на работата што го имал тој во својата земја и во БиХ. На жените што евентуално ќе решат да се омажат со Арап им препорачува дека мора да прифатат дека сопрузите нема да бидат со нив постојано зашто веќе се оженети, имаат свои деца и работа во други земји.

„Што се однесува до мојот сопруг, тој е душа од човек. Секој ден се слушаме и гледаме преку видеоповици. Чувствувам големо почитување и љубов“, раскажува сараевчанката за „Дознајемо“.

Таа тврди дека познава уште дваесетина жени што станале втори, а една и трета жена на Арап.

Во Исламската заедница во БиХ наведуваат дека немаат податоци за оваа појава. Доколку некој имам извршил такво венчавање, ќе бил диспциплински одговорен, бидејќи тоа би значело кршење на процедурите што постојат внатре во Исламската заедница

Лограње

X

Регистрација