– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Безмалку 50 возачи вчера во Скопје возеле со недозволена брзина

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, полицијата презела мерки и активности со кои констатирала дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 17 возачи, од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Исто така, од сообраќај исклучени се и 14 возила, и тоа 13 возила бидејќи биле нерегистрирани и едно возило бидејќи било технички неисправно.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 20 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкционирани се три пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин.

Во текот на изминатиот ден издадени се 63 мандатни платни налози и 55 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Лограње

X

Регистрација