– ММС
Вести Свет

Патниците на рускиот авион со торта дојдоа кај екипажот што пред два месеца им го спаси животот слетувајќи во пченка

Патниците на авионот „ербас А321“ кој во август принудно слета на нива со пченка, се собраа на аеродромот „Жуковски“ два месеца по настанот што им ги промени животите, пренесува каналот „Мир 24“. Одлучиле пилотите и целиот екипаж на авионот да ги изненадат со сладок подарок – торта, која ја сечеше пилотот.

Тој 15 август се случи чудо во авионот на руската авиокомпанија „Урал ерлајнс“. Само што полета од Москва, авионот се судрил со јато галеби. Посадата била принудена да слета во поле со пченка. Принудното слетување било изведено совршено и никој од 226-те патници и седумте членови на екипажот не загина и не се здоби со тешки телесни повреди.

Владимир Путин на пилотите Дамир Јусупов и Георги Мурзин им додели титули Херој на Русија, а останатите членови на екипажот добија Ордени за храброст. Во Екатеринбург, каде што е седиштето на компанијата „Урал ерлајнс“, сите членови на посадата добиле наместени станови.

Лограње

X

Регистрација