– ММС
Вести Македонија

Заев за „Танјуг“: Доколку ЕУ не донесе одлука за започнување на пристапни преговори со Македонија, тоа ќе значи дека не не почитува, дури и го „казнува“ Преспанкиот договор

Претседателот на Владата на Сееврна Македонија Зоран Заев очекува на следниот состанок за иницијативата за оттргнување на бариерите помеѓу Србија Албанија и Македонија, да биде договорено слободно патуавње со лична карта.

„На состанокот на 10 –ти ноември во Охрид ќе бидат превземени конкретни чекори. Верувам дека ќе бидат договорено да се патува со лична карта од  Драч, Тирана, преку Стуга и Охрид до Ниш и Белград“, изјавил Заев за „Танјуг“.

Доколку ЕУ не донесе одлука за започнување на пристапни преговори со Северна Македонија, тоа ќе значи дека не не почитува, дури и дека го „казнува“ Преспанкиот договор, изјавил премиерот Заев.

Тој смета дека во тој случај ЕУ не може да очекува ниту решение на косовските проблеми, за кој непрекинато се повикува на успехот на Скопје, тој истакнува дека тоа е добар модел, каков што би требало Белград и Приштина би требало да договорат во интерес на напредокот на патот кон ЕУ.

Видеото може да го погледнете тука:
http://www.tanjug.rs/full-view.aspx?izb=513825

Лограње

X

Регистрација