– ММС
Вести Македонија

Предизборно Заев најавува намалување на цената на регистрацијата, Спасовски на сообраќајните казни

Како што го троши мандатот, владата на Зоран Заев почна да излегува со ветувања за прашања кои ги отвораа како опозиционери. Граѓаните со години реагираа на несразмерно високите сообраќајни казни во однос на платите и високите износ за регистрација на возилата и зелениот картон. Дали по пример на Бугарија, ќе се намали цената на зелениот картон, беше едно од прашањата на слушателите на Канал 77 во емисијата Стадион до Зоран Заев пред локалните избори. Добиме неодреден одговор, дека тоа е долг процес на преговори со осигурителните компании. Сега, кога почна неформалната предизборна кампања со партиските каравани низ градовите, владината моќ максимално ја користат сопартијците на Заев.

Очиглено, се можело да им се удоволи на граѓаните.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од Кичево на партиската трибина на СДСМ порача дека ќе бидат намални сообраќајните казни.

– Наредната недела ќе доставам до Владата предлог во кој ќе се направат измени во законските решенија и со тоа ќе ги намалиме сите казни за сообраќајните прекршоци. Тоа беше нешто што го ветувавме, нешто што беше дел од проектите и тоа ќе го реализираме“, рече Спасовски од Кичево.

Актуелниот закон предвидува казна од 100 евра за немање на возачка книшка, додека пак погрешно паркирање 45 евра. За зборување на мобилен во автомобил се плаќа 100 евра. За надминување на брзината во населено место над 30 km на час од дозволеното се останува без возачка и се плаќа 300 евра. Ова се само дел од актуелните суми на казни, но засега нема информации кои казни за колку ќе бидат намалени.

Од трибината од Куманово, Зоран Заев намали намалување на цената на зелениот каротон.

– Разгледуваме варијанти да го поевтиниме зелениот картон. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон, рече Заев на трибина во Куманово.

Цената на зелениот картон се движи од 1850 денари за месечен зелен картон, до 5536 денари за зелен картон на годишно ниво.За патнички возила до 66 KW – годишен 3.690 ден., патнички возила над 66 KW – годишен 5.536 ден. ,патнички возила до 66 KW – месечен 1.850 денари, за патнички возила над 66 KW – месечен 3.075 ден.

Лограње

X

Регистрација