– ММС
Вести Македонија

Османи: Законот за јазици нема да се чепка, какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската комисија

Вицепремиерот Бујар Османи за Алфа Телевизија изјави дека „Законот за јазици нема да се чепка, какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската Комисија“ и со тоа изрази несогласување со ставот на премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска дека ќе бидат имплементирани сите препораки.

Османи сепак додаде дека само со консензус може да се направат измени во овој закон.

Според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди „премногу далеку“ наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции.

Лограње

X

Регистрација