ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/16/19 7:34 AM

Упад на стотина специјалци на РОСА на северот на Косово – апсења поради убиството на Оливер Ивановиќ

Утринава во 5.50 часот повеќе од 25 оклопни возила и џипови со околу сто припадници  на косовската специјална единица РОСА влегле на северот на Косово. Косовската полиција соошти дека бил уапсен полицаец во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, како и уште еден осомничен кај кого било пронајдено оружје. Потоа полицајците се повлекле, пренесуваат српски и косовски медиуми.

„Полициската акција е изведена врз основа на судски налог за претрес, а резултираа со апсење на осомничениот полицаец вклучен во налогот за претрес. Во текот на акцијата уапсен е уште еден осомничен кај кого е пронајдено оружје. Во операцијата се пронајдени уште две парчиња оружје и муниција“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Дел од српските медиуми пишуваат дека српскиот држваве врв бил мобилен и со функцонери на безбедносните служби разгледувале евентуални итни мерки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7