Содржина и услуги на Македонски Медиа Сервис порталот и нивна употреба
Регистрација на корисници на Македонски Медиа Сервис порталот
Со овие услови и правила овозможено Ви е користење на услугите и содржините од Македонски Медиа Сервис порталот односно користење на сите страници од Македонски Медиа Сервис порталот и сервиси кои припаѓаат на доменот https://www.mms.mk (понатаму во текстот Македонски Медиа Сервис). Со прифаќањето на овие услови и правила се подразбира дека сите корисници во секој момент се запознаени со условите за користење и во целост ги разбираат и прифаќаат. Македонски Медиа Сервис на своите корисници им нуди пристап до мноштво различни интернет сервиси и содржини. Македонски Медиа Сервис го задржува правото да ги укине или да го промени изгледот, содржината и условите за користење на Македонски Медиа Сервис порталот како и на сите сервиси и подстраници кои се составен дел на Македонски Медиа Сервис порталот без никакви обврски за претходна најава. Македонски Медиа Сервис не одговара за било каква штета настаната поради тие промени. Со прифаќање на овие услови за користење корисникот се согласува услугите на Македонски Медиа Сервис да вклучуваат реклами, известувања, пораки од администратор и слични пораки на Македонски Медиа Сервис за редовно информирање на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на Македонски Медиа Сервис. Македонски Медиа Сервис во целост се откажува од секаква одговорност која на било кој начин може да настане од или на било кој начин, а е во врска со користење на Македонски Медиа Сервис порталот за било какво работење на корисникот/посетителот употребувајќи или злоупотребувајќи ги содржините на Македонски Медиа Сервис порталот, и за било каква штета која може да се случи на корисникот/посетителот или било која трета страна поради употреба или злоупотреба од користењето на содржините на Македонски Медиа Сервис порталот. Со регистрирање за услугите на Македонски Медиа Сервис порталот корисникот добива податоци за корисничката сметка – корисничко име и лозинка. Корисникот е должен да ги чува податоците за корисничката сметка и во потполност е одговорен за штетата настаната од неавторизирано користење на својата корисничка сметка. Завршувајќи ја регистрацијата корисникот прифаќа одговорност за сите активности поврзани со користење на услугите на Македонски Медиа Сервис.
Обврски на корисниците при користење на Македонски Медиа Сервис
Авторски права
На корисниците на Македонски Медиа Сервис не им е дозволено:
a) Објавување, испраќање и размена на содржини кои ги прекршуваат постојните закони на Република Македонија или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, заканувачки, расистички или шовинистички и штетни на било кој друг начин.
b) Објавување, испраќање и размена на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штета на други корисници
c) Лажно претставување во име на други правни или физички лица
d) Манипулирање со информации со цел да се скрие потеклото на содржините кои се објавуваат или праќаат преку услугите на Македонски Медиа Сервис порталот
e) Објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права, во согласност со закон
f) Објавување, испраќање и размена на содржини на корисници без нивно барање или согласност
g) Свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми создадени со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и комуникациска опрема
h) Користење на Македонски Медиа Сервис порталот на било кој начин за испраќање односно поттикнување ширење на небарани комерцијални содржини (спамирање)
i) Собирање, чување и објавување на лични податоци на други посетители на порталот и корисници
Заштита на приватноста и тајноста на податоците
Линкови на други веб страници и содржини добиени од корисниците, укинување и забрана за користење на услугите на Македонски Медиа Сервис
Македонски Медиа Сервис се обврзува да ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на Македонски Медиа Сервис. Македонски Медиа Сервис може да собира лични податоци на корисници/посетители само со нивна изречна согласност. Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со Законот за Заштита на личните податоци како и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисникот, подобар увид и разбирање на потребите и барањата на корисниците на Македонски Медиа Сервис, одржување на содржината и функционалноста порталот како и развој на можности за поквалитетно давање услуги. Македонски Медиа Сервис се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Македонски Медиа Сервис содржи и документи, податоци, информации и врски до други Интернет страници креирани од трети лица (линкови) кои ќе бидат обележани како такви, секогаш кога тоа е можно. Македонски Медиа Сервис нема надзор над наведените документи, податоци, информации и други интернет страници и во целост се откажува од секаква одговорност врзана за содржината на интернет страниците креирани од трети лица. Македонски Медиа Сервис не е одговорен за содржината на страниците кои огласуваат на Македонски Медиа Сервис, ниту за било каква штета која настанала поради рекламирање на Македонски Медиа Сервис. Деловните односи помеѓу огласувачите и корисниците на Македонски Медиа Сервис и надвор од него исклучиво се засновани на деловен договор помеѓу огласувачот и корисникот и Македонски Медиа Сервис не е одговорен за било каква можна штета која би произлегла од таков деловен однос. Македонски Медиа Сервис не ја контролира содржината која ја разменуваат корисниците и не може да гарантира точност, потекло или квалитет на таквите содржини. Во случај да открие дека некоја содржина ги крши правните прописи на Република Македонија или го нарушува угледот на Македонски Медиа Сервис како медиум, Македонски Медиа Сервис го задржува правото да ја отстрани таа содржина од Македонски Медиа Сервис без претходно известување. Македонски Медиа Сервис нема на било кој начин да одговара за содржина или губење и оштетување на содржина кое настанало заради користење на Македонски Медиа Сервис. Македонски Медиа Сервис го задржува правото содржините кои ги објавуваат или разменуваат корисниците на Македонски Медиа Сервис порталот да ги користи за промотивни цели. Македонски Медиа Сервис го задржува правото да ги прекине или ограничи можностите за користење на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран, без претходна најава и/или објаснување. Македонски Медиа Сервис не одговара за било каква штета која настанала со укинување на корисничката сметка и/или една или повеќе услуги за кои корисникот е регистриран.
Со почит,
Македонски Медиа Сервис