Истражувачки стории

Портпаролот на ВМРО-вски Штип доби проект од владата на СДСМ

Неодамна формираната невладина организација на општинскиот портпарол на Штип, Драган Ристов, доби пари од Министерството за култура на новата влада, за организирање на културен настани. Невладината Едуинфо медиа на портпаролот Ристов, е брачно – кумовска организација на брачните двојки Ристови и Миленковски. Парадоксот да биде поголем, снаодливите вмровчиња, невладината ја  регистрираат непосредно по несудените избори во април, како организација спас, во случај на промена на власта.

Да одиме по ред. Министерството за култура во програмата ,,Нов културен бран“ одлучи да додели 124.000 денари за организација на џез концерти на невладина организација, во која сите основачи се вработени во институции под државна капа и сигурна плата – Општина Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Освен портпаролот на општината Штип, кој на ова место дојде со освојувањето на власта од страна на ВМРО ДПМНЕ, основачи се уште неговата сопруга, Сања Ристова, вработена во универзитетот. Сопругата Ристова почна да работи како хигиеничарка, во меѓувреме заврши факултет, со што кариерата и’ прогресираше до секретарка на еден од деканите.

Драган Ристов, во своите ставови, што често ги искажува на социјалните мрежи е "хејтер" на Шарената револуција и силен анти-НАТО и анти-ЕУ пропагандист. Јака конкуренција на еден Цветин Чилиманов, на пример.

Останатите двајца основачи се кумовите на брачната двојка Ристови, Влатко и Милкица Миленковски, и двајцата на плата во универзитетот.

Влатко Миленковски  е еден од неколкуте  раководители  на сектори во универзитетот,  на некогашното место на продеканот Кирил Барбареев, инаку, негов близок роднина. Четвртиот основач е неговата сопруга Милкица Миленковска, секретар на ректорот на универзитетот, додека братот на Миленковски, Миланчо Миленковски , е вработен во Заводот и Музеј во Штип е последниот на листата основачи.

И по ВМРО – ВМРО, како што би рекле во Титов стил.

Културата за некои од овие локални актери е сфатена како поле за финансиски натпревар, но за тоа во некоја друга прилика.  Културниот бран  на СДСМ-овското Министерство за култура, кое ќе троши пари од УСАИД, толку проколнати од некои домашни патриоти,   ќе донесе освежување. Но по се’ изгледа  привелегијата барем во Штип, ја имаат оние кои секој месец ги освежува истиот државен буџет.

 

НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР !!!