Трајчевски директорот на АВМУ повторно ги брани вмровските медиуми

Трајчевски директорот на АВМУ повторно ги брани вмровските медиуми

Иако телвизијата Алфа повеќе од триесет дена не емитува програма во мултиплексот на ОНЕВИП, за што и’ е дадена дозволата, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), не само што и натаму ја толерира, туку и’ дава уште време за да си ги плати обврските, со што го криши законот. Никаде во законот нема одредба која дава 15 дена толеранцција, туку дозволата се одзема веднаш. 



Законот е дециден - дозволата се одзема ако телевизијата не емитува сигнал повеќе од триесет дена. Парадоксот да биде поголем, АВМУ еднаш веќе покренала постапка за одземање на дозоволата на Алфа од истите причини, но, откако платила постпката е запрена.


АМВУ и директорот Зоран Трајчевски на ваков начин не само што ја толерираат телевизијата, која отворено застана на страната на претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, туку прекршија неколку члена од законот. Директорот Трајчевски прави кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, со тоа што Алфа во мултипрексот е исклучена уште кон крајот на ланската година, а тој и Агенцијата покренуваат постапка за одземање на дозволата повеќе од два месеци подоцна.


Откако телевизијата ги плаќа обврските, сигналот е повотрно вратен во мултиплекстот, АВМУ ја запира постапката, иако законски, тоа не смее. Во членот 82 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги стои:


„ Агенцијата ќе ја одземе дозволата за телевизиско или радио емитување имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини“ (чл.82 Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) .



При тоа, телевизијата не смее да емитува сигнал, а Агенцијата распишува нов конкурс, на кој ќе избере нов раидодифузер за вршење на дејноста.


АМВУ не само што не ја санкционира телевизијата, туку дозволува натамошно емитување, свесна дека е прекршен законот. Тоа на овонеделната седница на Советот на АВМУ го потврдува претседателот Лазо Петрушевски, со образложение дека еднаш веќе барале начин да им ја вратат дозволата.


- На 23 февруари годинава, еднаш ја одземавме дозволата и потоа еден месец и една недела подоцна ја поништивме одлуката за одземање на дозволата. Значи, тие во меѓувреме ги платија сите долгови кон Агенцијата за лиценцата, имаат платено за ова година и дел за идната.


Ако денеска ја почнеме постапката постои опасност да влеземе во истата процедура - да не стигнат да платат на ОНЕВИП за овие 15 дена, да им ја одземе дозволата и пак по еден месец  ако најдат пари, да наоѓаме начини преку судот да им ја вратиме дозволата“, рече претседателот на Советот на АВМУ, Петрушевски.



Петрушевски дури побара за две недели да им се одложи одземањето на дозволата, за во меѓувреме Алфа најде пари и плати.


Сепак, мнозинството гласаше поради долг и неемитување на сигналот,  да почне постапката за одземање на дозволата на ТВ Алфа. Толерантната АВМУ, иако информирана, дозволи уште едно кршење на законот од страна на вмровската телевизија.


- Тој има добиено дозвола да емитува преку дигиталниот мултиплекс на ОНЕВИП, а сега не емитува програма така. Можеби емитува преку некој кабелски оператор, кажа директорот Трајчевски, при тоа додавајќи дека Алфа прекршила уште еден член на законот.


Со тоа Трајчевски, иако свесен дека сигналот оди преку кабелските оператори, без дозвола, одлучи да го прекрши законот и да не реагира. На нашето барање на одговорат на овие прашања, денеска прво ни беше речено дека ќе добиеме одговор, а потоа беше побарано да ги испратиме во писмена форма. До овој момент немаме одговор.


Инаку, во врска со телевизијата Алфа, АВМУ со години прави уште едно прекршување на законот. Во регистарот на радиодифузери, доволата за работа е на телевизија Скопје, а емитува ТВ Алфа. Во регистарот има двајца сопственици и двајца уредници, а сигнал на една еднствена телевизија, што е уште едно прекршување на законот, за што директорот Тајчевски до сега не реагирал, иако имал три години ова да го реши.



Нееднаквиот третаман кон радидифузерите од страна на Трајчевски и АВМУ и натаму останува. Кон вмровските медиуми и во време кога СДСМ е на власт АВМУ го задржа толерантиот однос, подготвена на неколкукратно кршење на законот за да им удоволи.


Се чини европските директиви,   Планот на Прибе, заложбите на новата


влада се само зборови на хартија, бидејќи во АВМУ владеат некои други правила за работа.