Расипник

Михајло Маневски


Централната власт збирштина на партиски послушници и шарени фотељаши натоварени на грбот на народот


 Централната власт Зоран Заев ја претвори во обична збирштина, како дa е некоја муртинска ливада во која секој може да трча. Централната власт се претвори во бунар без дно, кој постојано се полни. Се полни противзаконски  без конкурси и огласи само со партиски послушници и шарерни фотељаши. Се полни и со советници од странство со криминално досие и сомнителен капацитет со наменски цели. Се преполни и претекува од сите страни. Сето тоа се  товари на грбот на народот, на грбот на даночните обврзници.


Има ли крај оваа лудорија?


Каде е крајот на оваа лудорија? Крцкаат Владата, Министерствата, Јавните претпријатија, Агенции, Установи и други државни органи преполнети со разни советници и пробисвети, кои ниту нешто работат, ниту знаат да работат. Одкако шарените се сместија во удобни фотељи како награда за рушење на предходната власт, веќе  гласот не им се слуша,  онемеа и оглувеа. За тоа ли ги кршеа, фарбаа и оштетуваа јавните објекти и покажаа грубо насилство спрема полицијата?. За таква ли демократија се бореа? Тоа ли е враќање на животот? Очигледно тоа биле само обични гнасни лаги за задоволување на личните интереси.


За предавството што го изврши спрема граѓаните Зоран Заев на Андреј Жерновски му вети високо место во извршната власт, како и на Зоран Дамјановски, градоначалник од Куманово, на кого на отворена сцена му вети место во Владата. На министерот за здравство Арбен Таравари му вети повторно враќање во Владата, доколку не биде избран за градоначалник на Гостивар.


Државната администрација се претвори во огромен бирократски товар


Колку министри треба да има ова Влада? Колку советници ќе ја советуваат Владата како да се руши државата и економијата? Општа опасност е толку мала држава со толку голема Влада и огромна мамутска администрација, која постојано се шири. Кој ќе го плати сето тоа? Место сервис на граѓаните, државната администрација се претвари во огромен бирократски товар.


Владата, министрствата и други државни органи и организации се претворија во партиски собирен центар. Секој партиски послушник на СДС кој ќе  посака, ќе се смести во Владата или другите органи.  Може ли сето тоа да се издржи?


Државата пред економски и финансиски колабс


Сите лаги и сета неспособност на Зоран Заев излегоа на виделина. Сè тргна надолу, освен лагите и празните ветувања кои добиваат на интензитет, подпомогнати и од неговите “најголеми непријатели” во некои медиуми, кои за кусо време станаа негови најголеми пријатели.


Целата економија на Република Македонија е во слободен пад. За прв пат после десет години се забележува вкупен сериозен негативен пад на економијата од 5,3%. И покрај тешката економска криза Република Македонија во последните десет години бележеше позитивен раст на бруто домашниот производ просечно по 3% на годишно ниво, најголем во споредба со земјите од југоисточна Европа и од повеќе држави членки на ЕУ. Индустриското производство бележи негативен пад од 9,5%, што не беше забележано и во најтешките години на економската и должничка криза.


Се прекина крвотокот на државата, како што е градежништвото. Градежништвото за последните неколку месеци бележи намалување дури за 17,3%. Се прекина или сведе на минимим изградбата на најголемите градежни инфраструктурни и други градежни проекти, како што се изградбата на автопатиштата, брзите патишта, објектите на образованието и детската заштита, се поништи тендерот за изградба на клиничкиот центар во Скопје и други здравствени објекти, се прекина изградбата на образовни и објекти за детска заштита,  водоснабдителни  и други објекти.


Извозот е намален за 8% во  јули, односно 12 % во август 2017 година.


Задолжувањето на државата само за четири месеци достигна 477 милиони евра, а за над 172 милиони евра се намалени девизните резерви. Каде отидоа парите?


Пензиите на пензионерите за прв пат не се покачија. На пензионерите им е ускратено правото на усогласување и зголемување на пензиите, како што тоа го правеше предходната Влада. Владата на Зоран Заев удри по пензионерите и тешко ги оштети.


Платите кои редовно се покачуваа во изминатите години исто така не се покачија и останаа исти во полицијата, војската, здравството, културата, образованието,  државната администрација и други органи. Не само шрто не се зголемија платите, туку просечната плата бележи намалување за 0,6% во јули годинава.


Се закануваат со бркање на странските инвеститори и со запирање на   државната помош за нивно привлекување. Поголема глупост неможе да се замисли.


Се најавува запирање на странските инвестиции во рударството по легално склучените договори и за објекти кои се во понапредна фаза на изградба, по цена да се платат штети од повеќе стотици милиони или над една милијарда евра, само заради  тоа што договорите биле склучени од предходната Влада.


На земјоделците им се најавува намалување на субвенциите.  На име на субвенции, воведени од предходната Влада, на земјоделците во последните десет години се им се исплатени над 1 милијарда евра, како помош од државата за зголемување на земјоделското производство.


Се најавува зголемување на даноците. Даноците кои се најниски во Република Македонија се еден од најзначајните услови за привлекување на странски инвестиции.


Каде оди Македонија?


Ова неспособна Влада на Зоран Заев и СДС Македонија ја води во пропаст и за кусо време земјата ја доведоа до политички и економски колапс.


Сè тргна надолу. Ништо не оди како што треба. Нема ниту еден позитивен показател за економијата, финансиите, политичкиот систем, општествените дејности и други области.


Здравството тоне. Многу често доаѓаат тажни вести за смрт на новородени бебиња и родилки. Толку е способна ова Влада што неможе да набави ниту 20 инкубатори за бебиња предвремено родени. Срамно и нецивилизирано.


На Република Македонија сериозно ѝ се заканува финансиска катаклизма. Постои реална опасност државата да не биде во можност да ги сервисира долговите и да ги задоволува елемантраните потреби на државата и граѓаните. Тоа е голема опасност од реален  финансиски банкрот на државата.


Ништо не се одвива во позитивна насока ниту на политички, ниту на економски план. Се нижат само празни зборови и лажни ветувања.


За опстојување на власт Зоран Заев  без чувство на одговорност е подготвен да плати секаква цена. Таква цена се плаќа со еднострани и штетни договори за Република Македонија, со бришење на историјата, унитарноста на државата, идентитетот и јазикот на државата. Државата се доведува до срамна подредена понижувачка положба.


Тотално неспособната Влада на Зоран Заев економски и политички ја оштетува и уништува државата и со неуставни постапки и велепредавство ги руши државните и националните интереси.  Во голема заблуда е ако мисли дека може да манипулира со народот, кој на 15 октомври 2017 година ќе му испорача сметка за сите злодела што му ги прави и за целокупната предавнична политика на националните интереси на Македонија.