Работнички се избори за реми и неизвесна куп пресметка во Тетово

Работнички се избори за реми и неизвесна куп пресметка во Тетово
rabotnicki-skendija

Работнички успеа да се избори за реми во првата осминафинална куп пресметка со фаворизираната Шкендија, и на тој начин ја остави неизвесноста за тоа кој тим ќе има поголеми шанси на реванш дуелот кој ќе се одигра во Тетово. Гостите од Тетово доминираа во поглед на играта и имаа повеќе посед на топката, а иако дојдоа до почетно водство со голот на Бесарт Ибраими од белата точка, Работнички упорно одоловаше во продолжение од мечот, и на крајот дојде до израмнување. Филип Дурански ја искористи несигурноста во одбраната на Шкендија и погоди со глава во 73-та минута, а до крајот на средбата немаше поголеми возбудувања пред двата гола и двата тима се задоволија со ремито кое ветува големи возбудувања и на реваншот во Тетово кој е закажан за 18 октомври.


The post Работнички се избори за реми и неизвесна куп пресметка во Тетово appeared first on Derbi MK.