Најплатениот играч во светот доживеа понижување во Кина: Тренерот на Шангај го посрамоти Тевез

Најплатениот играч во светот доживеа понижување во Кина: Тренерот на Шангај го посрамоти Тевез
karlitos-1

Карлос Тевез ја шокираше комплетната спортска јавност откако одлучи да ја напушти саканата Бока за премин во кинеската Суперлига, но подоцна многу работи станаа појасни откако беше пренесено дека со тој трансфер аргентинскиот напаѓач стана убедливо најплатен фудбалер во светот. Тевез заработува нестварни 36 милиони евра годишно поради престојот во Кина, но сега го доживеа наголемото понижување во оваа азиска земја откако е дел од ростерот на Шангај. Овој клуб пред два дена се раздели со Густаво Појет кој беше шеф на стручниот штаб, а сега неговиот наследник направи голема револуција откако одлучи да го отстрани Тевез од првиот тим. – Нема да го селектирам Тевез во овој момент, тој едноставно не е физички подготвен за игра. Тој не е воопшто фит. Калос е здебелен, има вишок на килограми, а истото важи и за Фреди Гуарин. Јас имам обврска да го водам овој тим, а ако некој не е подготвен да го даде максимумот, не гледам зошто би сметал на него, – изјавил Џингџуи Ву за домашните новинари.


The post Најплатениот играч во светот доживеа понижување во Кина: Тренерот на Шангај го посрамоти Тевез appeared first on Derbi MK.