Мурињо го „боцна“ Плејстејшн, па доби БРУТАЛЕН одговор од компанијата!

Мурињо го „боцна“ Плејстејшн, па доби БРУТАЛЕН одговор од компанијата!

Манчестер Јунајтед синоќа со 3:0 го победи Базел во Лигата на шампиони, но Мурињо не беше задоволен од начинот на игра на неговиот тим.


„Специјалниот“ по натпреварот изјави дека не сака неговиот тим да игра како на Плејстејшн.


„По 2-0 се се промени, престанавме да играме сериозно, престанавме да носиме важни одлуки. Се ставивме во незгодни позиции. Игравме фантази фудбал, Плејстејшн фудбал. Со финти и трикови, не ми се допаѓа тоа.


Поради тоа денес компанијата Плејстејшн преку својот официјален Твитер профил веднаш му возврати на Мурињо и тоа со иста мера.


„Жал ни е Жозе Мурињо, на Плејстешјн нема паркирани автобуси… ние сме тука да забавуваме“.



Sorry @josemourinho, no parked buses at PlayStation… we are here to entertain! ⭐⭐⭐⭐⭐ https://t.co/l7BvKMtvsX


— PlayStation UK (@PlayStationUK) September 13, 2017