Митко Јанчев: Тврдам, ми вперија пиштол в глава

По инцидентот со кандидатот за градоначалник од Кавадарци, бизнисменот Митко Јанчев и бројните верзии за настанот, јавноста остана со дилема – имало или немало вперен пиштол? Митко Јанчев во изјава за „Фокус“, вели дека сака да стави крај на шпекулациите.



 


Упати апел до МВР да го повикаат на разговор него и останатите сведоци за да дадат свои изјави. Според Јанчев „болно е тоа што од МВР изјавиле дека возилото им било сопрено, бидејќи возачот не застанал на сообраќаен знак, а вистината била поинаква“.


Јанчев тврди дека биле запрени од страна на полициско возило крајслер, по што полицајците на двајца од сопатниците им впериле пиштоли во глава. Подоцна пристигнал уште еден полициски џип и направиле коридор околу нив.Не им дозволиле ништо да прашаат само им рекле да молчат,тврди Јанчев.Направиле проверка и потоа ги пуштиле да си заминат.


За тоа зошто носел пиштол во автомобилот, според него тоа не било ништо спорно бидејќи го поседувал со дозвола. Ако според МВР јас лажам нека ми поденесе пријава значи се работи за настан каде не запре автомобил кој немаше полициски ознаки ниту пак ни беше покажан налог, дециден е Јанчев.


Лазар Којчев чиј директор е кандидатот за градоначалник, даде идентична изјава за медиумите. Којчев вели дека, со вклучена сирена, на десетина метри пред, полицајците им посочиле да застанат.


- При излегувањето од возилото, во секој од нас беше вперен пиштол и ни беше наредено да излеземе и да кренеме раце. Не’ натераа да се оддалечиме од возилото, и веднаш беше  извршен претрес на мерцедесот. Не најдоа ништо, само пропратни документации.Бевме легитимирани сите. Од сите страни за десеттина минути се појавија неуниформирани лица, од кои само еден носеше значка „Алфи“, вели Којчев.


Никола Груевски за ваквиот чин пак вели дека не очекуваат фер избори бидејќи се заплашувале нивните кандидати. Со последните постапки било очигледно дека полицијата ќе се стави во партиска служба и за време на кампањата. 


- Пред ден два се случи на наш кандидат за градоначалник да го стопираат на автопат да му вперат пиштол во глава и да го третираат како терорист,за потоа да му се извинуваат дека наводно имале информација т.е дека е дезинформација дека во возилото има терористи и дека е полно со оружје. Имале наредба ,,Алфите“ да го легнат на земја и да го врзат но во моментот виделе дека станало збор за нешто друго па некои од алфите поединци се извинувале.


Со своја вистина и од МВР. Оттаму најостро ги отфрлија тврдењата дека наводно полицаец вперил пиштол во глава на лицето М.Ј и велат дека постапуваат единствено согласно законите и укажуваат дека ширењето шпекулации и невистини не е во интерес на граѓаните. Слушнавме повеќе варијанти, деманти и обвинувања за настанот особено кога се зовриени политичките страсти која е вистината, јавноста ќе одлучи.