Заев: Половина милијарда евра во Буџетот за 2018. за пополнување на дупката во пензискиот фонд

Заев: Половина милијарда евра во Буџетот за 2018. за пополнување на дупката во пензискиот фонд

Премиерот Зоран Заев вечерва гостува во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 вести, кој одговара на прашања на бизнисмени, невладининиот сектор, синдикат и новинари. Во овие 100 дена, рече Заев, се чувствува слободата и професионалноста. Сепак, тоа треба да го кажат и оценат граѓаните. Сигналот ќе биде даден на локалните избори.


„Концептот за минимална плата егизстира во многу демократии и дава резултати. Во Македонија има мал процент луѓе со големо богатство. Отворени сме за сугестии и од работниците и од менаџментот.Јас сум убеден дека и бизнисмените имаат ќар од поголеми плати на работниците.Трендот на покачување на пензиите ќе го следи рендот на покачување на трошоците на живот. Петстотини милиони евра ќе се одделат во буџетот за 2018 за пополнување на дупката во Фондот за пензинско осигурување“, рече Заев.


За тендерот на кој учествува и вицепремиерот Кочо Анѓушев, Заев рече дека нема ништо откако е формирана Владата. Фирмата конкурирала во месец април. Законот мора да се почитува, посочи премиерот. Владата нема да биде иста како претходната Влада.


Заев: Половина милијарда евра во Буџетот за 2018. за пополнување на дупката во пензискиот фонд was last modified: September 12th, 2017 by Naum Lokoski