Димитров повторно го намачи Надал, но недоволно за да го победи

nadal-sangaj

Григор Димитров покажа навистина високо ниво на тенис на уште една пресметка со Рафаел Надал, но сепак падот во концентрацијата во клучните моменти од мечот е нешто што ќе мора да го поправи Бугаринот доколку сака некогаш да размислува за највисоко на тенискиот врв. Димитров играше одлично цели 28 гејма (4:6, 7:6),  беше во егал ситуација во третиот сет кога сервираше за 3:3, но кога имаше гејм топка за израмнување, доживеа блокадата како многупати досега и со три подарени поени му дозволи на Шпанецот да направи клучен исчекор кон победата. Нешто слично се случи и во Пекинг минатата недела кога Надал буквално се прошета во одлучувачкиот сет со Бугаринот, па секако станува јасно дека на Григор главен проблем му е менталната подготвеност кога се крши резултатот. Низ годините имаме добиено безброј потврди дека таков не е случајот со Надал, кој пак со новото брилијантно издание се пласираше во полуфиналето во Шангај каде ќе игра против Марин Чилиќ.    


The post Димитров повторно го намачи Надал, но недоволно за да го победи appeared first on Derbi MK.