Венгер потврди: Арсенал може да остане без најдобрите фудбалери




data-href=http://www.awplife.com
data-layout=button
data-size=large
data-show-faces=true>



data-href = http://supersport.mk/archives/70266
data-layout = button
data-size = large
data-mobile-iframe = true>
Share



data-href=''
data-layout=button
data-action=like
data-size=large
data-show-faces=true
data-share='false'>

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер истакна дека клубов  во јануарскиот преоден рок би можел да ги продаде Алексис Санчез и Месут Озил за да избегне евентуално нивно заминување од клубот, следното лето како слободни фудбалери.


Санчез и Озил се меѓу најскапо платените играчи на Арсенал, а договорите на двајцата истекуваат на крајот на сезоната. Запрашан дали може да се случи клубот да ги продаде во зимскиот преоден рок, Венгер истакна дека тоа е возможно.


„Кога сте во ваква ситуација мора да ги разгледате сите опции. Двајцата изгледаат среќно во клубот и се надевам дека ситуацијата може да доживее пресврт“- коментираше Венгер.


За Санчез сериозен интерес има од Манчестер Сити и ПСЖ, додека за Месут Озил заинтересиран е Манчестер Јунајтед.