Вашиот бизнис расте, растат и грешките – како да ги поправите?

Како што компанијата расте, вработените и бизнис сопствениците се растргнати на повеќе страни. Во ваквата деловна средина можат да се случат и грешки, а сите грешки и незгоди можат да ја изложат вашата компанија на ризик.


Следуваат трите начини на кои можете да ги поправите настанатите грешки:


Делувајте брзо и поправете ја ситуацијата


Погледнете каква штета е направена и што треба да се направи за да се поправи. Се мисли на двете важни работи кои треба да ги направите: да се погрижите за оние, на кои сте им ја направиле незгодата, или сте ги повредиле по направената грешка, и како и да го промените вашиот систем за таквите грешки да не се повторат.


Комуницирајте


Молчењето е злато кога имате мигрена, но не и да ги оставите луѓето да донесуваат заклучоци за вашите намери. Кажете им што ќе направите за да го поправите проблемот. Ако молчите, вашите потрошувачи, a во некои случаи и медиумите ќе го претпоставуваат најлошото.


Направете го она што ќе го ветите


Откако ќе ја поправите ситуацијата, треба да се погрижите за сите потези кои сте ги превземале и да не дозволите старите навики и поплаки да се повторат.


Се разбира, ако ситуацијата се вжешти и доколку настанат поголеми проблеми, ќе ви треба и адвокат. Без разлика колку проблемот е сериозен или засрамувачки, компаниите кои се подготвени да се подобрат се секогаш пред оние компании кои се заслепени од неочекуваните околности.


Разгледајте ги сите нешта кои можат да тргнат во погрешен правец и откријте што ќе преземете доколку тоа се случи. Кога веќе сте ја промислиле таквата ситуација, тоа значи дека имате план.


The post Вашиот бизнис расте, растат и грешките – како да ги поправите? appeared first on Friday.