Андреј Жерновски ја повлекува кандидатурата и влегува во СДСМ

Андреј Жерновски ја повлекува кандидатурата и влегува во СДСМ

Независниот кандидат Андреј Жерновски ја повлекува кандидатирурата за градоначлник на општина Центар за претстојните локални избори и влегува во редовите на СДСМ и централната власт, објави вечерва премиерот Зоран Заев. 


 


Заев во емисијата „Отворено“ на Тв 24 посочи дека во општина Центар СДСМ ќе оди со свој кандидат, а дека Жерновски се согласил да се повлече од својата кандидатура, и дека и тој заедно со СДСМ ќе застане зад новиот сдсмовски кандидат за градоначалник за општина Центар.



Премиерот Заев  одговарајќи на многубројни прашања  истакна дека Андреј Жерновски за него е успешен  градоначалник кој зад себе остава низа проекти,  и дека ќе биде вклучен во централната власт не прецизирајќи на која позиција.Официјалната одлука на партијата за кандидатот на СДСМ за Центар  ќе биде соопштена утре.