2.0 | Среда, 22 2017год

Упаство за иснталирање и новости за скриптата ММС - Агрегатор. Со почит Трајче Гогов!

Инсталација

Инсталација на Хостинг:

  • Преку CPanel или FTP

    Треба да имаш CPANEL или FTP пристап за да можеш да ја инсталираш скриптата. Креирај нов FTP акаунт и инсталирај го Filezilla програмот и сетирај го програмот да се конектираш на новокреираниот FTP акаунт. Откако ќе се коенктираш започни со прикачување на фаиловите од скирптата

  • Пермисии

    Отворете го програмот Filezilla и дадете и на следниве фолдери и фаилови пермисија 775 : .env , storage , bootstrap и public/uploads фолдер.

  • Датабаза

    Направи нова Датабаза преку твојот Cpanel со корисник на базата преку Mysql Wizard. Сека со пристапвање на линкот (http://vasatastrana.mk/install) започнете со иснталација на скриптата

  • Проверка на PHP верзијата на вашиот сервер

    За да ја инсталирате скриптата треба да имате веризија на PHP на вашиот хост 5.5 или понова верзија.

Инсталација на CloudHosting преку провајдерот DigitalOcean :

  • Креирај нов droplet и прикачете ги фаиловите

    Кликни на креирање нов droplet и селектирај LAMP од твојот апликационен таб на хостинг провајдерот, сега прикачи ја твојата скрипта во (/var/www/html) преку програмот Filezilla

  • Конектирај се на droplet преку SSH (Putty)

    Откако ќе се конектираш напиши ги следниве команди подолу

    chgrp -R www-data /var/www/html

    chmod -R 775 /var/www/html/.env

    chmod -R 775 /var/www/html/storage

    chmod -R 775 /var/www/html/bootstrap

    chmod -R 775 /var/www/html/public/uploads

  • Креирање Датабаза

    Кога си конектиран на droplet преку Putty треба да ја видете лозинката на вашиот MySQL сервер, и ќе треба да се конектирате на него преку следниве команди

    mysql -u root -p;

    Ќе ви се поле да ја внесете вашата лозинка. Внесете ја лозинката и потоа напишете ја командата

    create database rss;

  • Овозможување на модули

    Активирајте го модулот rewrite на Apache преку впишување на командата подолу

    sudo a2enmod rewrite

    Сега отворете го 000-default.conf преку командата подолу (НАПОМЕНА: Доколку го немате инсталирано nano едиторот за Debian корисниците напишете sudo apt install nano, за CentOS корисницете напишете yum install nano)

    sudo nano /etc/apache2/sites-available/000-default.conf

    Додадете ги линиите во фаилот

    <Directory "/var/www/html"> AllowOverride all </Directory>

    Сега рестартирајте го Apache серверот преку командата подолу

    sudo service apache2 restart

  • Одете во /install на вашиот сервер и продолжете со инсталацијата

Администрација

  • Користен е Laravel Framework
    Laravel е еден од најпопуларните framework во моментот на пазарот.
  • Додавање на администрација
    Сега можете да додавате, едитирате и бришете корисници од администрација.
  • Категории и под-категории
    Сега можете да додадете категории и под-категории на истите категории со тоа што сега можеш целосна категорија или само под-категорија да ја поставиш на header позицијата. Исто така сега можете да поставите и seo зборови и опис на секоја категорија посебно и на под-категориите.
  • Извори
    Превземањето на извори сега е подобрено со тоа што, оние извори кои не им се сетирани RSS и ATOM фидовите да бидат компитабилни со нашите потреби, скриптата сама се прилагодува според нивните RSS канали како се поставени.
  • Постови/Вести
    Едиторот за пишување на Постови и Вести е променет и е сличен како на Wordpress, сликите сега директно можете да ги прикачувате на серверот и има опција на претражување на слики (исто како на Wordpress). Постовите/Вестите сега можете да ги класифицирате како TEXT - (само текстуална форма), IMAGE - (текстуалан форма и слики), GALLERY - (текстуална форма, слики и галерија), VIDEO - (текстуална форма, слики и видео) Постовите и вестите што се превземаат од Изворите не се хостираат на серверот туку се користи ембедиран код со слика од нивната страна.
  • Рекламни простори
    Рекламните простори сега можат да се конфигурираат според потребите на клиентите, освен стандардните кои веќе се предефенирани во старата верзија.
  • Статистика и Google Анализа
    Сега во релано време можат да се следи статистиката на самата страна и Google анализата од Google платформата.
  • Сетинзи на страната
    Моментално направено е големи промени во администраторскиот дел на страната. Менијата се подобрени и се ставени икони на секое мени. Главната администрација на страната е поставена така да без кликање по менијата, да може да се пристапи до секој дел од Администраторскиот панел. Освен број на извори и превземени вести, во иднина ќе може да се направи и панел за корисници кои ќе имаат посебен пристап до самата страна.

Предности на страната

  • Флекс Слајдер и вести на насловна
    --- Сеуште во изработка
  • Видео секција
    --- Сеуште во изработка
  • Оценување на вести
    -- Сеуште во изработка
  • Мега Мени
    -- Сеуште во изработка
  • Социјални медиуми
    Целосна интеграција на Facebook API и Twitter API.
  • ТАГОВИ
    --- Сеуште во изработка
  • Пребарувач на вести
    Текстуален пребарувач на вестите кој пребарува по таг/наслов/дел од реченица/збор во реченица.
  • Рекламен простор
    --- Сеуште во изработка
  • SEO Friendly
    Целата страна со Laravel фрејмворкот е SEO Оптимизирана и SEO Friendly.

Сетирање на Cron

Команди како да сетираш Cron автоматизација

sudo crontab -e

Се додаваат овие линии

* * * * * /usr/bin/php /home/mms/public_html/artisan update-sources за да се извршува на секоја минута

0 * * * * /usr/bin/php /home/mms/public_html/artisan update-sources за да се извршува на секој час

Бидете сигурни дека вашата патека за PHP на вашиот сервер е точна и патеката до каде е инсталирана скриптата

Маил Известувања

Метод на SMTР сетирање :

Треба да се сменат сетинзите во .env фаилот кој се наоѓа во root фолдерот за smtp испраќањето на маилови да работи

MAILGUN сетирање :

Сетирањата се во .env фолдерот и во config/services.php

фолдерот, каде што треба да се смненат сетинзите за MAILGUN.

За повеќе информации околу MAILGUN можете да најдете на следниот ЛИНК

Јазик и временски зони

За повеќе јазици се направени и повеќе сетинзи кои можат да бидат променети преку администраторскиот панел

Моментално е поставен Македонскиот јазик, но во иднина може да се изработат и сетирани фаилови за повеќе јазици, како на пример Албански/Англиски или други јазици

  • /resources/lang/mk каде се наоѓа конфигурацијата за Македонски Јазик

За конфигурирање на други јазици во соодветниот фолдер /resources/lang/en направете нова папка или прочитајте го упаството за ISO-639 јазиците на Википедија

Статистика/Анализа

Што како напиши за Google АПИ

Надоградба на скриптата

Доколку се изработи нова верзија на скриптата се што треба да направете е да сменете дел од фолдерите со нови пермисии и отпочеток да ја инсталирате скриптата.

Откако ќе ги прикачете апдејтираните фаилови следно што треба да направете е да:

  • Доколку имате SSH пристап
    Доколку имате SSH пристап до вашиот сервер логирајте се и преку командната линија напишете ги следниве команди

    chgrp -R www-data /var/www/html

    - додавање на група на фолдер на www-data (доколку вашиот Apache сервер е под default)

    chmod -R 775 /var/www/html/.env

    - додавање на пермисии на .env фаилот

    chmod -R 775 /var/www/html/storage

    - додавање на пермисии на storage фолдерот

    chmod -R 775 /var/www/html/bootstrap

    - додавање на пермисии на bootstrap фолдерот

    chmod -R 775 /var/www/html/public/uploads

    - додавање на пермисии на public/uploads фолдерот

    Сега одете во install преку вашиот пребарувач и иснталирајте ги надоградувањата

  • Доколку немате SSH пристап до вашиот сервер

    Контакгирате го вашиот администратор на серверот да ви овозможи SSH пристап до вашиот сервер

Следни промени ..

  • Менаџирање на Администрација
    Менаџирањето на Администрацијата е целосно преземена од Wordpress скриптите (кој е бесплатен) и овозможува целосно менаџирање на кориснички позиции за целосната администрација. Тоа овозможува Главниот Администратор да доделува пермисии за секој друг Администратор посебни пермисии во одредени делови на Администраторскиот панел.
  • Плаќања
    Откако ќе се овозможи пристап до корисничкиот панел (во идина треба да се изработи) ќе може да се плаќа директно преку нивниот кориснички панел со испраќање на СМС до мобилните оператори или преку Македонскиот Gateway за плаќање со кредитни картички Cpay

Користени скрпти

За изработка на скриптата се користени некоклу фрејмворка. Сите други скрипти освен скриптата за превземање на RSS фидовите се во слободен режим на превземање

Фрејмворкови
Laravel
Symfony
PHPunit
Mockery Object Framework
Скрипти и Плагини
Jquery
PHPdotENV
Thujohn
SWIFYmailer
Sebastian Environment
Sabre XML
Roumen Sitemap
PSYsh
Psr Log
PHPSpec
PHPDoc
Nikic Scalar Objects
NesBot
Htmldom
JqueryUI
Тагови
Boostrap Datepicker
Jquery Form
Mtdown Cron
Monolog
FlySystem
Super Closure
PHP Console
PHP Hamcrest
PHP Http
Fzaninotto
Doctrine
Dnoegnel
Stringy

Уште еднаш ви благодарам што ја користевте ММС - Агрегатор скриптата. Таа е општо достапна преку Github За повеќе информации можете да ме барате преку MAIL

Поздрав и со почит

Трајче Гогов

Упаство за работа

  • -- ВО ИЗРАБОТКА

Упаство за секциите

  • -- ВО ИЗРАБОТКА