Како работи MMS.mk?

Вовед

 

Интернетот ги избриша бариерите што постоеjа помеѓу луѓето и информациите, ефикасно демократизирајќи го пристапот до човековото знаење. Никаде ова не е поочигледно отколку во светот на вестите.

Во MMS.mk веруваме дека под повеќе информации се подразбира поголем избор, поголема слобода и во крајна линија поголема моќ за луѓето. МMS.mk е наш обид, да ги поврземе корисниците со што повеќе вести кои се од нивен интерес. Тоа значи, прикажување на најважните вести на нашата насловна страница, така што корисниците не треба да талкаат за да дојдат до нив. 

Со поврзувањето на илјадници луѓе со вести од сите релевантни медиуми во Македонија, MMS.mk многу им олеснува на своите корисници да ги следат актуелните случувања од различни перспективи, и да бараат повеќе информации за прашањата кои се од нивен интерес.

Клуч на овој проект е почитувањето на авторските права. MMS.mk никогаш не прикажува повеќе од: насловот, еден фрагмент и мала слика од веста. Доколку луѓето сакаат да ја прочитаат целата вест, тие треба да кликнат на насловот кој ги носи на оригиналната веб страна и таму можат да ја прочитаат целата вест. MMS.mk е сличен на Google пребарувачот во кој се собираат сите информации објавени на интернет, се создава индекс на тие податоци, и се опслужуваат преку едноставен веб интерфејс.

Наша цел е на корисниците да им дадеме релевантни и објективни резултати, па затоа нашите топ вести ги селектираме автоматски, со компјутерски алгоритам, без човечка интервенција.

MMS.mk во моментот вклучува статии од повеќе од 100 извори на вести, и секој ден добиваме се повеќе барања за вклучување во нашиот индекс. 

Веруваме дека ваквите агрегатори на вести се од вистинската корист и за изворите на вести, бидејќи агрегаторите носат интернет сообраќај на нивните страници. Со собирање на вестите од повеќе извори на едно место, MMS.mk, го прави читањето на вести попристапно и поинтересно, ги охрабрува луѓето да читаат повеќе, а корист има и издавачката индустрија во целина.

 

Како работи MMS.mk

 

MMS.mk ги организира вестите, така што вести од различни извори за еден ист настан се појавуваат во една категорија. Овој пристап ги групира насловите од различни извори заедно, со што им обезбедува на корисниците различни перспективи за некој настан. Издавачите често нè прашуваат како одлучуваме кој кластер и кој вид на вести да се појавува на почетната страница на MMS.mk

Насловите на почетната страница на MMS.mk целосно се избираат од страна на компјутерска формула, врз основа на повеќе фактори, вклучувајќи колку често и на кои сајтови се појавува приказната. Во суштина, ние го пресметуваме бројот на оригинални статии кои се објавени од уредниците, со цел да се одреди големината на една таква приказна, чија тежина исто така се пресметува и врз основа на тоа колку таа приказна е нова.

 

Колку често се обновуваат вестите на MMS.mk

 

Превземаните вести на MMS.mk се освежуваат 1440 пати во текот на денот, или на секои 1 минути, така да тука, на едно место, секогаш можете да ги најдете најпопуларните вести.

 

Содржина на вестите на ММС.mk

 

Статиите и сликите кои ќе ги најдете на MMS.mk се објавени од трети страни. MMS.mk нема уредници, нема новинари, нема персонал кој пишува или прегледува вести. MMS.mk не создава наслови или било кој друг дел од една статија. Целиот процес е автоматизиран, и го извршува сервер. 

Во целиот процес нема никаква човечка интервенција !!!.
Ако сакате да испратите повратни информации за статија што сте ја виделе на MMS.mk, ќе мора директно да се поврзете со изворот на веста.
Ако некој извор на вести избрише статија од својата интернет страница, или пак изворот на вест воопшто не работи во одреден период, ќе добиете грешка по кликнувањето на линкот на MMS.mk. Ние се извинуваме за сите непријатности. Ве молиме бидете сигурни дека работиме на тоа да се подобри нашата технологија. Во меѓувреме, Ве охрабруваме да барате вести на истата тема, со читање поврзани вести од истата категорија.
Исто така, сите грешки во текстовите што ќе се појават на MMS.mk, се одговорност на изворите, дури и ако изворот ја исправи грешката на својата страница. (ние ги преземаме вестите најчесто само еднаш, а потоа продолжуваме да преземаме нови вести.)

 

Контакт

 

MMS.mk е бесплатен продукт и имплементиран од Трајче Гогов. 

 

Статистики за ММС

 

  • MМС.mk секој ден анализира околу 1000 вести кои се наоѓаат на веб страниците на 80 извори (во кои се вклучени и архивите).
  • Од вкупно 1000 вести, нови (објавени во тековниот ден) се околу 350 (освен во недела), а останатите се од претходните денови.
  • MМS.mk јавно постои од 1 Септември 2017.