Јаневски: Им честитам на момците, заслуживме повеќе

Веднаш по натпреварот конференција одржа тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.


„Сакам да им честитам на моите фудбалери, одиграа одлично во првиот дел, создававме шанси, но за жал постигнавме само еден гол. Во вториот дел имавме мал пад, но сепак создадовме по некоја шанса како онаа Новак. Очекувавме и сакавме да освоиме повеќе бодови во оваа фаза, со овој бод не може да бидеме задоволни. Кога во прашање е овој натпревар, мислам дека заслуживме да победиме“, истакна Јаневски.


„Наша цел во овие натпревари беше да собираме искуство, можевме да почуствуваме дека во Европа не е лесно да се игра. Се надевам дека Вардар без разлика дали сум јас на тренер или некој друг ќе има повторно прилика да игра во Европа“, истакна Јаневски.


Да потсетиме, Вардар натпреварите во групната фаза ги заврши како последнопласиран еден освоен бод.


 


Јаневски: Им честитам на момците, заслуживме повеќе