Филмот кој ќе има дури седум номинации за Оскар

Многумина коментираат дека овој филм на Стивен Спилберг ќе има минимум седум номинации за Оскар, за сценарио, најдобар филм, музика, режија, главни актери но и монтажа.



Пред некој ден беше објавен и првиот трејлер за филмот „The Post“ на режисерот Стивен Спилберг, во кој главните улоги ги тумачат оскаровците Том Хенкс и Мерил Стрип.


Во време коgа новинарството се наоѓа под обвиненија за лажни вести, прва жена истражувач во историјата на Washington Post, Кеј Грахам и уредникот Бен Бредли се обидуваат да ги објават Пентагон документите, политичко заташкување поврзано со Виетнамската војна. За да ги расветлат долго чуваните тајни, Кеј и Бен ги ризикуваат своите кариери и слободата. Филмот е инспириран од вистински настани.


Во филмот глумат и Алисон Бри, Кери Кон, Дејвид Крос, Брус Гринвуд, Трејси Летс, Боб Оденкирк, Сара Паулсон, Џеси Племонс и други. Сценариото го напишаа Хана и Џош Сингер.


„The Post“ во некои кина ќе стигне на 22 декември, а светската премиера е закажана за 21 јануари.