Федерер пронајде лек за талентираниот Зверев и обезбеди пласман во полуфиналето во Лондон

roger-reket

Рожер Федерер ќе игра во уште едно полуфинале на завршниот Мастерс турнир во Лондон, а до ваков пласман Швајцарецот стигна откако вечерва ситгна до втората победа во групата „Борис Бекер“ во пресметката со суперталентираниот Александер Зверев.


Федерер беше принуден да го извади најдоброто од себе против младиот Зверев, а отпорот конечно го скрши во третиот сет во кој всушност беше комплетно доминантен и во кој направи дури три брејка (6:1). Претходно, швајцарскиот маестро поведе со 1:0 добивајќи го првиот сет во тајбрејкот, додека Зверев израмни на 1:1 правејќи брејк во 12-от гејм на вториот сет (5:7).


Со ваквиот расплет, Федерер сега комплетно растеретен ќе го очекува третиот меч во групата со Марин Чилиќ, бидејќи веќе го има загантирано првото место во својата група и пласманот во полуфиналето.


The post Федерер пронајде лек за талентираниот Зверев и обезбеди пласман во полуфиналето во Лондон appeared first on Derbi MK.