Утре во 15 кај „Роко“ – подготвена е фан-зоната на Македонија во Загреб


Дел пристигнаа, а дел веќе се на пат и треба да пристигнат во текот на утрешниот ден.


Утре во 15.00 часот во клубот „Роко“ на улица Јарунска бр. 5 во Загреб ќе се соберат фановите на Македонија и заедно од тука ќе се упатат кон арената каде што од трибини ќе ја бодрат Македонија.


Според информациите до кои дојдовме, се очекува во Загреб да пристигнат околу 2000 навивачи од цела Македонија.


Клубот „Роко“ на навивачите ќе им понуди добра забава, атмосфера и секако пиво.


The post Утре во 15 кај „Роко“ – подготвена е фан-зоната на Македонија во Загреб appeared first on Спорт М.