Трибина „Трендови во лозарството”: Климатските промени ќе се одразат на земјоделското производство

Tрендовите со кои се соочува лозарството, како еден од најзначајните земјоделски сектори и адаптирање врз новите климатски промени,беше темата на која се расправаше на трибина во Неготино „Трендови во лозарството” во организација на Националната федерација на фармери.


Директорот на Институтот за земјоделство,проф.д-р Климе Белевски пред присутните лозари истакна дека за справување со климатските промени потребна е примена  на адаптивни краткорочни и долгорочни мерки во оваа област.


- Адаптивни мерки кои се многу практични во лозарството, може да се применат веднаш и се работи, пред се, за  одредени агротехнички мерки,примена на зашттни УВ мрежи, примена на еден специфичен начин на кроење означен како Т систем или ипсилон систем и во последно време примена на калциум карбонат.Долгорочни мерки се изборот на локацијата,изборот на  соодветна подлога и сорта.


Според Белевски,во последно време лозарите се поинформирани за климатските промени и се насочени кон примена на некои од овие мерки.


Васе Мојсовска, претседателка на ребрендираната Национална Федерација на фармери рече дека Здружението постои  15 години, со околу 3000 членови и опфаќа разни  сектори во земјоделството.


- Претходно беа само земјоделци, сега и руралните средини како и жените фармери.Акцентот сега повеќе ќе падне на работењето на младите фармери да ги задржиме во нашите села, бидејќи се повеќе ни се намалува бројот. Во  иднина ќе работиме во таа насока,знаеме и сами колкави проблеми имавме во изминатиот период,лозарствоот претрпе огромни штети минатата година,потоа 2016 со проблемите со откупот, 2014 со обилните врнежи и мораме да се ансочеме на други помодерни технологии како да се заштитиме од климатските промени,посочи Мојсовска.


Климатските промени ќе се одразат врз македонското земјоделство, а се очекува први на удар да се најдат лозарството и градинарството а се очекува најчувствителни да бидат југоисточниот и централниот дел на земјата.