Тимоние - Има простор за подобрување на законот за јазици

Мислам дека не сум единствениот што го не успеал да го разбере законот за јазици, бидејќи се работи за многу комплициран текст, барем во однос на неговата содржина, но и на последиците. Од друга страна, да бидам целосно искрен, постои простор за подобрување во самиот текст и тоа е возможно затоа што станува збор за разговори, ова е процес којшто сè уште не е завршен и не би сакал да се изјаснувам, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.