Словенија на колена, Македонија отвора со победа на ЕП во Хрватска


Македонија слави над Словенија 25:24 (11:11). Ова е за прв пат Македонија да издвојува победа на првиот натпревар од досегашните пет искуства на Европските првенства.


На полувремето, македонските ракометари со серија од 3:0 дојдоа до реми 11:11, за на крајот да ја победат третата репрезентација на светот, со резултат 25:24.


Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со осум голови, седум постигна Кире Лазаров. Никола Митревски беше еден од хероите на мечот, нанижа девет обрани, Борко Ристовски имаше четири.


The post Словенија на колена, Македонија отвора со победа на ЕП во Хрватска appeared first on Спорт М.