Следува пресврт со времето – синоптичарите излегоа со прогноза за она што се најавува следните денови

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2.


Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота ќе има локален слаб дожд, а од недела и опаѓање на температурата.