Се пензионира 20-годишен Американец откако освои половина милијарда долари на Лото

Џекпотот од 451 милион долари, четврт во историјата на американската „Мега Милион“ лотарија го извлече 20 годишниот Шејн Мислер, контролот „во пензија“ од Флорида, потврдија официјалните лица од американската лотарија.



Младиот добитник од градот Порт Ричи на Флорида е единствен кој ја имал добитната комбинација на бројки, а се определил наеднаш да подигне сума од 281,2 милиони долари, наведуваат од лотаријата.


Добитниците на лотаријата во САД имаат можност да бираат дали сакаат исплата на едниот дел сега, а остатокот на рати во следните години, или сакаат исплата на добивката наеднаш и во тој случај износот е помал.

-Имам намера да се погрижам за семејството, покрај тоа да се занимавам и изградам пат за финансиски упех, како би можел позади себе да оставам наследство далеку во иднината, кажал Мислер, истакнувајчи дека секогаш ја охрабрувал идејата за одење по соништата и дека неговата патување тек почнува.


За младиот среќник победата не била шок.