Разиграно куче направи прекин на дуелот Вардар – Розенборг!

На натпреварот меѓу Вардар и Розенборг се случи интересен момент, откако куче влета на терен и се забавуваше неколку минути.



„Комитите“ запалија пиротехника, а шоуто го комплетира – куче! Од еден од влезовите, тоа влезе на теренот и реши да се „врти“ околу голманот Гачевски, кој се обиде да го фати, но не успеа.


Потоа и редарите се обидоа да го фатат, но не успеаја, а кучето само го најде патот до излезот.