Прилог од запечени компири со домашен тартар прелив

Совршена комбинација за богат прилог кој сигурно ќе му се допадне на целото семејство! Нам веќе е ни е еден од омилените рецепти, а посебно обожаваме да го правиме за време на празници и свечени фамилијарни собири. Пробајте го и вие нашиот вкусен прилог од запечени компири со домашен тартар прелив, ќе уживате неизмерно!


Ова е брз и лесен начин да имате вкусно јадење на трпезата. Комбинацијава е одлична и за мезење, па како и да се одлучите да ја пробате, воопшто нема да згрешите.


Прилог од запечени компири со домашен тартар прелив 2

Состојки:



За домашен тартар прелив:



Подготовка:



  1. Прво подгответе го домашниот тартар прелив.

  2. Во длабок сад ставете ги ситно сечканиот кромид, изренданите кисели краставички, Витанезот и свежо цедениот сок од лимон.

  3. Зачинете со сол и највкусниот црн пипер на Витаминка, кој долги години препознатлив и докажан на нашиот пазар.

  4. Измешајте убаво, а потоа готовиот тартар прелив покријте го со најлонска фолија и оставете го да стои во фрижидер најмалку еден час пред служење.

  5. Компирите прво измијте ги, па по желба излупете ги и исечете ги на половини или четвртинки, зависно од големината. Најдобро да ја прилагодите големината колку просечен залак.

  6. Така припремените компири зачинете ги прво со малку масло, па наросете ги сол и црн пипер по вкус.

  7. Рерната загрејте ја на 230 степени.

  8. Во меѓувреме, припремете ја тавата за печење, така што ќе ја обложите со хартија.

  9. Во неа ставете ги претходно зачинетите компири и поросете ги со ренданиот кашкавал.

  10. Кога ќе ги ставите компирите во рерната, температурата намалете ја на 180 степени и печете 30-35 минути (времето може да варира зависно од температурата на рерната, големината и количината на компирите).

  11. Оставете малку да се изладат и сервирајте ги во чинија.

  12. На крај, потурете ги со домашно припремениот тартар прелив и на трпезата ќе имате незаменливо вкусно уживање. На здравје!


А, ако се запрашувате зошто го избравме токму Витанезот за подготовка на тартар преливот, слободно може да ви одговориме поради тоа што Витаминка има производи со традиционален квалитет. Витанез Екстра мајонезот е деликатесен производ со врвен квалитет, кој се произведува од најквалитетни, внимателно одбрани, домашни сировини, како што се рафинираното сончогледово масло, жолчки и специјална комбинација на зачини. Збогатен е со витамините А и Е кои го штитат организмот од слободните радикали, го подмладуваат и ја зголемуваат виталноста, па се вбројува во редот на најдобрите, најпрефинетите и најприфатени мајонези во Македонија, но и широко распространет во светот.


Ви препорачуваме да прочитате: Домашна Пеперони пица.