Повредените ученици пуштени на домашно лекување, возачот се' уште во болница

Еден од возачите на автобусот кој утринава се судри со комбе на на патот Демир Хисар – Кичево е потешко повреден. Десетте повредени деца во сообраќајната незгода веќе се пуштени на домачно лекување – соопшти директорот  на Клиничката болница во Битола, Зоран Лазарев.


„Децата се испратени дома без некои потешки повреди. Еден од возачите е прегледан и без некои потешки повреди е пуштен дома, додека другиот е задржан на болничко лекување на Ортопедија. Има фрактура на карлицата и подлив на екстремитетите“, информираше Лазарев.


Сообраќајната незгода се случи изутрината околу 7.30 часот на патот Демир Хисар - Кичево. Во автобусот се превезуваа 30 ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар. Возачот на комбето пак, е 56 годишен маж од Крушево.