Отишла на преглед, не се вратила: Ја нашле по 42 години

Жена која исчезнала од околината на Њујорк пред 42 години најдена е во сојузната држава Масачусетс во институција за луѓе со потешкотии.



Локалните власти потврдија дека таа жена страда од деменција. Флора Стивенс има 78 години, а го користела презимето Харис кога детективите ја нашле во близина на Бостон.


На властите не им е јасно што се случувало откако исчезнала во август 1975 година до денот кога е најдена. Тогаш жена од 36 години била видена последен пат кога сопругот ја оставил на преглед кај лекар.


Кога се вратил по неа, Флора ја немало. Полицијата повремено се занимавала со случајот, но без напредок во истрагата.


Благодарение на полицијата во септември истрагата имала напредок од мртва точка.


Пронајдени се посмртни останки во соседниот округ.


Полицијата мислела дека може да се на Стивенс, но со истрагата сфатиле дека некој ги користел нејзините податоци во Масачусетс. Така дошле до институцијата “Lovel“ каде ја нашле Флора Харис, која таму е од 2001 година.


Детективите потврдиле дека се работи за иста личност. Медицинските податоци велат дека Харис живеела во старечки дом во Њу Хемпшир и во Њујорк.