„Не сакам повеќе да бидам пратеник, се срамам од своите колеги“

Бразилскиот професионален кловн кој од 2010 на два пати е избран за пратеник, Франциско Еверардо Оливеира Силва, попознат како Тиририка, при крајот на својот пратенички мандат изјави дека нема повторно да се кандидира на изборите во 2018 бидејќи се “срами од однесувањет на своите колеги“.


 




Силва изјави дека е еден меѓу осумте, од повеќе од 500 членови на долниот дом на бразилскиот Конгрес, кој се редовно присутни на седниците, а во иднина планира целосно да им се посвети на кловновските активности, пренесува „БиБиСи“.


Во својот прв говор откако е избран за пратеник во 2010, Тиририка наведува дека е тажен поради тоа што го видел во долниот дом на Конгресот.


„Сите знаат дека сме добро платени да работиме, но не работат сите. Имаме 513 пратеници, а само осум доаѓаат редовно. А јас сум еден од тие осум. И јас сум циркуски кловн“ – изјави тој, признавајќи дека “не постигнал многу“ во текот на седумте години во пратеничките клупи, но нагласи дека “барем бил таму“.


Инаку, Тиририка е многу популарен меѓу гласачите, па така во 2010 под слоганот „Не можам ништо да расипам“ освоил 1.3 милиони гласови, повеќе од било кој друг кандидат на тогашните избори.