Нешта кои им се случуваат единствено на високо интелигентните луѓе

Интелигенцијата се утврдува со помош на тестови, но новите истражувања покажуваат дека исклучително интелигентните луѓе на околината реагираат на поинаков начин. Според последните истражувања, високо интелигентните луѓе имаат проблем со воспоставување на приоритети, па прилично се вознемируваат кога треба да направат неколку работи истовремено.


Ниту напредокот во технолошка смисла не им оди од рака, а понекогаш им го отежнува задржувањето на фокусот. Доказ за тоа е дека понекогаш се случува  проверка на мејл на секои две минути.


Скоро половина од повеќе од 10000 вработени во 17 земји, колку што учествувале во истражувањето, признале дека имаат проблем со концентрацијата за време на работата во канцеларија.


Во просек, оние кои имаат канцелариска работа имаат отворено осум програми или прозорчиња на компјутерот во секој момент, а нешто им одвлекува внимание на секои три минути. Во 2015-та година на пример, се проценува дека паметните телефони им одземале двојно повеќе време, отколку три години претходно. А во просек „фрлаат“ поглед  на телефонот на секои три минути.


Психијатарот д-р Нед Халовел смета  дека интелигентните луѓе имаат повеќе проблеми со поставување на приоритети, бидејќи се трудат да се посветат на идеите кои се појавуваат, па понекогаш се чувствуваат недораснато и неспособно да го издржат товарот на работата.


Додал дека поради тоа луѓето кои се вработуваат поради тоа што се интелигентни, често знаат да се разочараат себе, но и надредените.


Шефовите секогаш се во потрага по интелигентни луѓе, но потешкотиите со вршење на неколку работи истовремено и одвлекувањето на внимание врз нив делуваат како и врз останатите, ако не и повеќе. Работните правила се менуваат побрзо отколку кога било претходно, а нашиот мозок е изложен на стрес и одвлекување на внимание, па доаѓа до преоптоварување.


Статистиките покажуваат дека бројот на нешта кои можат да ни го одвлечат вниманието додека сме на работа, се’ повеќе расте.