Направи сам: Зелен напиток за постпразнична детоксикација

Периодот по празниците е време кога некои обично повторно почнуваат да ги бројат калориите или пак решаваат да притиснат „кочница“ кога станува збор за конзумирањето на поголеми количества на храна. Тоа е и период во кој на телото му треба детоксикација.


Овој зелен напиток за детоксикација и намалување на масни наслаги, го поттикнува метаболизмот и детоксикација та па помага и во топење на масните наслаги околу стомакот, кои се поврзани со болестите на срцето, високиот крвен притисок и зголемениот ризик од дијабетес.


Помага и во отстранување на токсините од  црниот дроб, а може да се користи и за зајакнување на имунитетот и забрзување на метаболизмот. Потребни состојки за подготовка на напитокот се:


-половина лимон


- 1 краставица


- 1 лажичка рендан ѓумбир


- половина китка магдонос


- 1/3 шолја вода


Измијте ги сите состојки, излупете ја краставицата, па сето тоа измиксирајте го во блендер. Се препорачува да го пиете секоја вечер пред легнување.