Милан казнет поради навивачките испади на натпреварот против Наполи

Фудбалскиот сојуз на Италија го казни Милан со 10,000 евра поради несоодветното однесување на навивачите на натпреварот против Наполи, кој беше одигран во саботата.


„Росонерите“ беа казнети поради анти-наполитанската песна што нивните навивачи ја испратија на Наполи, а тие се означени како „навредливи врз основа на територијано потекло“.


Милан и Наполи одиграа натрпевар без голови, иако лесно можеше да биде поинаку доколку Донарума во судиското продолжение на одличен начин не го спасеше својот клуб. Инаку, ремито не им одговараше ниту на Милан, ниту на Наполи кои всушност се збогуваа од борбата за ЛШ, односно од титулата.


Милан казнет поради навивачките испади на натпреварот против Наполи