Маркињос: Знаеме како треба да играме против еворпскиот шампион (Видео)

marquinosmarquinos

Со денешните два натпревари (Јувентус – Тотенхем и Базел – Манчестер Сити) стартува нокаут фазата во Лигата на шампионите, поголемиот дел од фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.


Пред овој натпревар Мбапе најави победа, Роналдо истакна дека ПСЖ има одлични фудбалери, а сега за популарниот сајт „Goal“ зборуваше и дефанзивецот Маркињос.


„Мислам дека во Мадрид ќе прикажеме одличен настап. Знаеме што треба да правиме, поминавме некои работи кои не променија. Пред се научивме дека и на гостувањат мораме да играме на идентичен начин како и на домашните натпревари. Мораме да веруваме во себе“.


„Свесни сме дека ќе играме против страшен тим, Реал во последните две години ја освојуваше Лигата на шампионите. Сепак и ние имаме големи квалитети, ова се два клуба кои имаат голем потенцијал да стигна далеку“.


„Знаеме дека нашите летни засилувања предизвикаа големи возбудвања и сега сите од ПСЖ имаат големи очекувања. Доведовме неколку вистински шампиони и поединци кои знаат како се освојува Лигата на шампионите“, изјави помеѓу другото Маркињос.


Во продолжение погледнете ја неговата комплетна изјава…





Marquinhos previews PSG's huge CL trip to Real Madrid


“Respect can't be a factor.”PSG defender Marquinhos has previewed his side's massive trip to Real Madrid in the Champions League. 
</div>
<div class= маркињос знаеме треба играме против еворпскиот шампион видео