Магичен еликсир за убавина и здравје од мед и грејпфрут

Грејпфрутот е познат како антиоксиданс, но и како моќен со своето антибактериско дејство.


Богат е со витамин Ц, а ги содржи и витамините А, B, D и Е. Како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо.


За да направите „магичен еликсир“ за убавина и здравје, експертите препорачуваат…


Потребни состојки


-1 голем зрел грејпфрут


-1 лажица мед (во зависност од вкусот)


Грејпфрутот е најдобро да биде ладен, па откако ќе го извадите од фрижидер, пресечете  го на половина и со лажица извадете ја пулпата.


Пулпата ставете ја во блендер заедно со медот и мешајте додека смесата не стане хомогена. Готово!


Оваа комбинација во себе содржи многу корисни елементи.



  1. Пектин, кој придонесува за ефикасно излачување на вишокот холестерол, а го намалува и нивото на инсулин во крвта и го нормализира метаболизмот.

  2. Ликопен, кој помага во борба со токсините и штетните материи во организмот. Неколку голтки од овој еликсир, околу 20 минути по ручекот на пример, според експертите може да согорат повеќе од половина калории кои се внесени во текот на оброкот.


Грејпфрутот содржи бројни состојки кои помагаат во борбата со настинки, а докажано е и дека  спречува појава и на посериозни болести.


Сепак, имајте на ум дека грејпфрутот може да го зголеми дејството на некои лекови, па доколку примате некаква терапија, задолжително консултирајте се со лекар. Ако земате лекови за намалување на притисокот, антидепресиви, антибиотици – избегнувајте грејпфрут.