Летна и лесна, салата во чаша

Летните денови носат високи температури, а кај некои и намален апетит. Во такви случаи добар избор е една освежувачка, нискокалорична, лесна и вкусна салата, за која посебно интересно е тоа што се сервира во чаша.


100 грама од оваа салата содржи само 117 килокалории.


За една порција, потребно би ви било:


- 1 изрендана или ситно исечкана краставица


- парче сварено пилешко или пак печурки на скара за веге верзија


- 1 домат (без лушпа)


- супена лажица лимонов сок


-маслиново масло


-магдонос


-сол по вкус


Доматот, јајцето и пилешкото исечкајте ги ситно. Редете ги слоевите во чаша, а редоследот изберете го сами. Маслиновото масло и лимоновиот сок додадете  ги на слојот од краставица и домат. Добар апетит!