Истражувањата покажаа: Жените се посилен пол

Истражувачи од Универзитетот во Лондон откриле дека женскиот имун систем може да победи различни инфекции побрзо и поефикасно од машкиот. Тајната е во дополнителната копија на женскиот X хромозом. Поголемиот дел од женските имуни келии имаат рецептори за хормони како што е естрогенот, што значи дека тој хормон има можност да ја регулира работата на овие келии, односно нивната реакција на микроби и алергени.


Но, ова не се само добри вести. Имуниот систем може да биде толку силен што може да активира автоимуни заболувања, во кои организмот „се напаѓа самиот себе“. Студиите покажуваат дека жените многу почесто патат од оваа состојба. Тие имаат девет пати поголеми шанси да развијат лупус и три пати повеќе заболуваат од ревматски артритис.


Појакиот имун систем значи дека жените поретко се разболуваат, но студиите покажуваат дека кога е во прашање болката – патат повеќе од мажите. Жените повеќе пијат лекови против болки. Истражувањата покажале дека тие ја чувствуваат болката многу порано од мажите и целосен мит е тоа дека жените имаат повисок праг на толеранција на болка. Мажите чувствуваат помала болка во тек на инфаркт, веројатно благодарение на тестостеронот, кој го намалува затегнувањето во градите.


На основа на овие истражувања кои се поврзани со разликите во имуниот систем, истражувачите дошле до заклучок дека би требало да се прифати идејата да се практикува различен начин на лечење, во зависност од полот на пациентот. Ова води кон индивидуално лечење, со оглед на тоа што секој лек не одговара секому, а резултатите од ваквото истражување се дополнителен показател за разликите.