ИМЕТО МАКЕДОНИЈА НЕ Е БРОНЗА ЗА ТОПЕЊЕ!


 


Секогаш, овој професор кога го имав наспроти мене како соговорник, секогаш знаеше да биде “бомбардиран“ со аргументи, без одговори. Тоа го правев речиси десетина години по ред. Гледам и слушам како млади и сеуште недоволно упатени за својата историја и генетика новинари му дозволуваат, грчкиот професор да дава изјави дека наскоро ќе дојде крајот на овој галиматијас. И прашањето: Решението е в промена на името на нашата држава? Не е само тоа, туку имаат вистински личности со кои ќе ја апсолвираат зацртаната задача и мисија, која овој пат нема да биде “невозможна“, туку “подмачкана“ со маргарин, како што беше во сцената со Брандо и Марија Шнајдер во “Последното танго во Париз!“ Дали и Македонија ја очекува истото како во тангото во Париз?


 


Малку звучи перверзно, но во што е перверзноста кога и така започна се’ во стилот на перврезијата.


 


Имаме многу места кои се дефинирани во светските дипломатски процеси околу решавањето на најгорливите прашања.


 


Да го спомнaм Кемп Дејвид, место коешто се памети по најхардкор или до несвест или до “балдисување“ да не речам до липсање, од замор и тортури на преговори, и присила. Потоа Рамбуе, и конечно, Париз.


 


Кому и зошто ова му се случува? Дали воопшто некогаш се прашувавте? Секако не на “тврдокорните“ и на оние кои цврсто стојат зад својата семка и корења! Кои се препознаваат во огледалото секое утро кога стануваат од постелата, и покрај тоа на какви тортури или дроги да биле навлечени!


 


Секогаш поставував прашања: Каде беше народот да побара отчет и одговорност од сите политичари кои и’ наштетиле на Македонинја од нејзината посветеност како држава или како милуваат да ја спомнат 1944, секако преку 8 септември до денес?


 


Тука имаме една прекрасна лепеза од убави фрагменти за прекрасен филм  насловен “Вистината и предавствата во Македонија!“


Што имаме ние? Соучесништво кон сите предавства и сите грабежи и обесчествувања на Македонија, доведувајќи ја пред срамниот столб на којшто секој денес ја погани и ја плука!


 


Кои се вашите очекувања од ваквите садомазохистички дејанија на самите Македонци? Заштита и поддршка од “чадори“ или “чистачи“?


 


Не, драги мои Макеоднци, тоа никогаш нема да го доживеете, нема спас, нема милост, се’ додека не се отрезните од ваквиот хорор сон во кој под дејство на секојдневните консумирања на алуминиумот што го дишите од ишаранато небо, македонско, некогаш посино и од најголемите океани и индига!


 


Туку сега, токму на индига се пресликува нашата сопствена трагедија на проклетство и самоуништување. Кој сакате сега да ве спаси? Авторите на хаосот? Галиматијасот октроиран и дефиниран од школата на Евангелос Кофос каде Цампирис е еден од тимот.


 


Вели народната, село без кучиња. Сега на тоа наликуваме или сме поле без врата. А, се знае што следува, секој ја плука. Македонија не е за плукање, ниту за топење или претопување.


 


Македонија не е пресован стиропор од којшто се направи кипот на таткото на СФРЈ за кој ден денеска се сечат вени и се тресат од земја големите “Македонци“ кои ја трампаат Македонија за една напојница, или една фотеља! Македонија не може да биде ниту бронзен паметник или кип, кој како ја разбира историјата на Македонија, како што можеби би завршил проектот Скопје 2014 со топење на спомениците.


 


Македонија никогаш нема да биде грчка, бидејќи е територија која се наоѓа во три држави. Порано целиот простор се викаше Македонски полуостров, се’ до доаѓањето на Турците нарекувајќи го  Балкан, што значи крв и мед.


 


Освен тоа, Македонците се народ кој отсекогаш се разликувал по ДНК, јазик, и се’ што претставува македонско од сите други народи. Тоа го потврдуваат сите научни истражувања, аргументи и историски факти, преточени низ архивите на најсилните центри на моќта во светот. Тука се Ватикан, Британика, Егенеа, Мадридскиот институт.


 


Некој се дрзнува и спомнува референдум?! Тоа никому да не му падне на памет. Дефинитивно. Видовме што значи референдум организиран и реализиран во Македонија, се уште ни е свежо сеќавањето дека “некои прашања не заслужуваат одговор“. Прашуваме, каков одговор ќе им дадете на вашите потомци, или каков аманет ќе им оставите на вашите потомци, за најголемото злодоело на човештовото, самоуништувањето или самобришењето, од родословието и од семејното стебло. Самите си го уништуваме коренот, самите си ја уништуваме семката, а без корен и без семка остануваме само едно проколнато дрво во нива на кое се обесил и предавникот Јуда на месноста Крвна нива. Зарем ќе го сториме тоа? Македонија да стане проколнатото место или Крвната нива?


 


Кога сум кај Јуда, ќе се надополнам со толкувањата на светите отци, како што е Свети Јован Златоуст вели: “Човечки е да згрешиш, а уште почовечки да бараш прошка и покајување.“


 


Така е и со сите нас, со нашите искушенија, кои доаѓаат како резултат на нашата рудиментираност или отсуство на духовна гимнастика!


 


Доколу и сегашните приврзаници на Јуда, или истомисленици, не се покајат и повлечат од најналудничавата идеја за “самобришење“ или “самоуништување“ тогаш, проклетството е неизбежно, а тоа ќе биде полошо и од Содома и од Гомора. Полошо и од ова, бидејќи ова е веќе бришење и уништување на “ракописот“  на силата која го создаде овој народ и оваа нација, благословена од Бога!


 


Јас воопшто не ги обвинувам нашите соседи, тие бараат. Од нас зависи дали ќе му дадеме и колку ќе му дадеме или дефинитивно и гаќите ке му ги симнеме да му се даде, да тропне, да му се отвори. Но, сепак, се знае што е Рубиконот, или прагот на толерантноста или црвените линии од “непристојните предлози“!


 


Дали воопшто некој се прашува: Луѓе, што е ова? Што се случува со нас? Или се отиде јабана? Или онаа “Наведната глава сабја не ја сече!“


 


Обезглавени сме уште одамна мои Македонци, и тоа уште од нашето самооткажување од нашите белези – името, знамето, сега идентитетот, јазикот и што ни преостанува? Имате одговор? Што е тоа што ни преостанува? Одговорот е јасен, а тоа е: Македонија не е бронза за топење или претопување.