Законот за медиуми е добар ама ако се применува во Белгија

На директорот на ААВМУ ,Зоран Трајчевски треба да му биде јасно дека ако дошол со политика и ќе си оди со политика, рече Виктор Грозданов на дебатата што на тема ,,Медиуми-простор за регулација или манипулација “ во рамките на емисијата ОТВОРЕНО СТУДИО, се одржа на ТВ Нова.



На дебатната емисија освен Виктор Грозданов, како добар познавач на медиумските прилики во земјава, учествуваа управителот на Канал 77 Горан Гаврилов и Дејан Ѓоргиев од Центарот за развој на медиумите. ,, Ако има фирма која подолго време има сопственичка структура со што постои медиумска концентрација и со која се става во подобра позиција и ако тоа трае подолг период ,се прави штета на пазарот и тоа треба некој да го плати.Регулаторот е тој што треба да ја утврди таа медиумска концентрација и покрене постапка за одземање на лиценцата.Но во реалноста рабатите одат така што, некој ќе пријави , ќе се утврди медиумска концентрација,,се дава простор за одстранување на медиумската концентрација, па во спротивно се одзема дозволата.Тоа е разликата на начинот на пристап на проблемот. Џабе ААВМ се вика регулаторно тело.Тоа регулаторно тело мора да сфати дека завршија приказните на политики, нема да биде заштитено тело од некои странски амбасади ,,-смета Грозданов. Според Дејан Ѓоргиев денес е навистина мистерија како на овој наш македонски пазар опстојуваат толку многу медиуми.Во моментов ги има 136 медиуми ,од кои 76 телевизии. ,,Имаше стратегија за развој на медиумите, но таа беше ултра-либерална,,пазарот се’ќе реши,,Очигледно пазарот тоа не можеше да го реши,затоа што никогаш не му дадовме шанса. Медиумите чекаат да завршат изборите и чекаат на која страна да тргнат.Нашите искуства така покажуваат.Ако некоја политичка партија има пари да финансира некој медиум тогаш се труди на секој начин .Претходната Влада тоа го правеше најбезобразното и најкрупулозно, со нашите пари финансираше опстојување на медиуми, за тие да дејствуваат како нејзини гласноговорници.“-вели Горгиев Паметна држава планира кои се потребите на публиката и која е издржаноста на пазарот,рече управителот на Канал 77 Горан Гаврилов. ,,Стратегијата за развој на медиумите постоеше до 2015 година како ефективен документ,кој требаше да ги утврди потребите на публиката и издржаноста на пазарот.Вие можеби имате слободен простор од 200 фреквенции но пазарот во Македонија консумира само 20.Ние од 1991 година не направивме медиумски пазар.Ние всушност имавме спорт, скап спорт.Секој од нас сака да влијае ,да вработува,сака да придонесе нешто за јавноста а од тоа не може да заработува.Стртегијата требаше да каже кои се потребите на публиката .Господинот Зоран Трајчевски ја уништи стратегијата,дозволи во 2015 да се променат сите лиценци,кој што сака да работи и сам да се декларира каква програма треба ДА ПРОИЗВЕДЕ.Претходно лиценците се делеа врз основа на потребите на публиката.Од тематски ТВ кои што беа форматирани да имаат само вести сите се пријавија на општ канал.Сега имаме 8 телевизии општ канал на Кабловска и 5 ТВ општ канал во етер.За ова треба некој да одговара,затоа што го нарушил системот на потребите на публиката,,кажа Гаврилов. На дебатата ,,Медиуми-простор за регулација или манипулација “,бил поканет да присуствува и директорот на ААВМУ Зоран Трајчевски, но тој одбил да учествува на истата.


Целата дебата можете да ја погледнете подолу