Една чаша вино може да замени еден час вежбање

Најновото истражување на „University of Alberta“ во Канада вели дека ефектот на 1 чаша црвено вино може да се спореди со цел час вежбање во теретана.


Причината лежи во тоа што ресвератролот кој е присутен во црното вино има антиинфламаторно кардиопротективно и антиканцерогено дејство, а освен тоа го намалува и нивото на шеќер во крвта, па може да го „оживее“ организмот слично како по еден час поминат во физичка активност.


Според изјавата на раководителот на истражувањето, докторот Џејсон Дајк, ова овозможува одржување на тонусот на мускулите, дури и кога не се оди на вежбање. Ресвератролот го зголемува бројот на отчукувања на срцето и со самото тоа го зајакнува срцето, па скелетните мускули ги прави посилни и поиздржливи.


„Секако, сите сме чуле повеќе од еднаш дека е здраво понекогаш да се напиете чаш црвено вино во прилог на ручекот, но поголемиот дел не размислиле подетално што тоа навистина значи.“ – се вели во споменатото истражување.


Сепак, треба да се конзумира повремено и умерено и само за уживање, а редовната физичка активност не смее да се заборави и не може целосно да се замени.