Да се формираат еколошка полиција и општинска патрола за спас од загадувањето

Пишува Венко ГЛИГОРОВ


Не е тешко ако се сака да се формира еколошка полиција со надлежности за 24-часовно следење на состојбите со загадувањата во населените места. Работата на оваа полиција да ја оценува одделение во рамките на општините за да не „заспиваат” во вечерните часови кога дел од индустријата се „ослободува” од непосакуваниот товар.


Општините во Скопје не треба да чекаат да се формира оваа еколошка полиција. Доволно е да се (само)организираат за ноќно следење на состојите во критичните места – а се знаат многу добро критичните места. Овој тип на патроли може да се засилат со доброволци-граѓани од општините. Јас би се пријавил една вечер да дежурам заедно со општинската патрола. Како мене сигурно ќе се јават илјадници од секоја општина.


Буџет за реализација на општинска патрола е Нула. Ќе биде составена од општински раководители за координација и „доброволци” од општината (вработени што ќе ротираат) и доброволци-граѓани. Може да воведат мобилни телефони за патролите за пријавување на случаи – тие да се наплатуваат од пријавувачот и на тој начин да се самоисплаќаат овие дежурни мобилни телефони.


Да ги повикаме градските и општинските татковци да се фатат за работа. Конкретна. За нашите животи се работи. Парите што ги уплаќаме не се за да се задојуваат граѓаните од најмали нозе дека секој проблем е божја волја, туку да ги реализираат потребите на граѓаните.


ПС Ако по некоја случајност ваква полиција или патроли постојат, зошто тогаш се гушиме во смрдеа и отрови?