Данска ја декласираше Ирска во бараж дуелот со најмногу погодоци (Видео)

Селекцијата на Данска со високи 5:1 славеше против Ирска и го обезбеди својот пласман на Мундијалот во Русија.


Ирска имаше поволни 0:0 пред вечерашниот дуел.


Натпреварот одлично започна за Ирците, кои во 6. минута стигнаа до водство преку Дафи.


Кристенсен во 29. минута беше прецизен за 1:1, а три минути подоцна Ериксен беше стрелец на фантастичен погодок и пресврт за Данците.


Оттаму, Данска го сврти целосно мечот во своја корист, па во 636. минута Ериксен повторно беше прецизен за 3:1, и тука се чини беше решено прашањето за победникот на овој меч.


Ериксен го постигна својот хет-трик десет минути подоцна, по грешка на одбраната на Ирците.


Конечните 5:1 ги постави Бендтнер по досудениот пенал за скандинавскиот состав.