(ГАЛЕРИЈА) Нов Зеланд во розово

Нов Зеланд е дестинација од соништата за многу луѓе. Тоа е симбол на другиот свет, недостапен и неверојатно различен од сè што е познато. Падините, зелените планини, бујните ливади и импресивните животински и растителни видови го мамат окото на истражувачите допрени од оваа магија. 


Фотографот Пол Хој го претставува својот поинаков изглед на Нов Зеланд. Ги фотографира природата на островот, претставувајќи интересна легура меѓу научната фантастика и психата.


Розовата слика се добива со инфрацрвена камера со специјална технологија. Овој пристап ја претвора неверојатната флора и фауна на Нов Зеланд во неверојатна авантура.


Хој дипломирал во пејзажна фотографија, но не бил привлечен за снимање на реалноста. Тој претпочита да го претставува светот околу нас во различна светлина и боја.


Проверете ги интересните фотографии во нашата галерија.